Денеска сончево, утре грмотевици
09.08.2012 07:00
| KumanovoNews
Македонија моментално се наоѓа во зелена фаза, што значи дека температурите се пониски во однос на претходните два дена.
Во Куманово денеска температурите ќе се искачат до 36 Целзиусови степени. Утре ќе има повремени грмотевици и температури до 32 степени. И за време на викендот не очекува топло и мирно време. Во сабота температурата ќе биде 32 степени, во недела 30, а следната седмица ја почнуваме со 31 степен.