Денот на дрвото неработен
26.03.2010 09:59
| KumanovoNews
Денот на дрвото, вторник 30. 03. 2010 ќе биде неработен ден за сите граѓани на Македонија, соопштуваат од Министерството за труд и социјална политика.
Граѓаните се ослободуваат од работните обврски поради организирање на активности за пошумување во државата.
Од МТСП истовремено соопштуваат дека овој ден ќе се одработи на 17 април во сабота.