Дератизација на подрачјето на општина Куманово
03.10.2014 10:28
| KumanovoNews
Во понеделник започнува дератизација на подрачје на општина Куманово.
“Третманот ќе се изврши со поставување на мамци во отворите од шахтите на постоечката канализациона мрежа, а ќе бидат опфатени и отворите што служат за собирање на атмосферска вода. Препаратот што ќе се користи влегува во група на антикоагуланти и ќе биде во облик на парафински блок“ - вели Бисера Благојевиќ, портпарол на општина Куманово.
Граѓаните не треба да ги допираат мамките поставени за глодарите, а дератизацијата ќе трае неколку дена.