Дератизација во општина Куманово
03.04.2015 14:52
| KumanovoNews
Дератизација против глувци утре ќе се спроведе на подрачје на општина Куманово.
Третманот ќе се изврши со поставување на мамци во отворите за шахтите, што служат за собирање на атмосферска вода. Препаратот што ќе се користи спаѓа во групата на антикоагуланти, и ќе биде во облик на парафински блок.
Ги предупредуваме граѓаните да не се движат во близина на поставените мамци, а во случај на наоѓање на родентицидот на отворено да не го допираат - велат од општината.
Општината два пати годишно спроведува дератизација, а лани наесен беа третирани 1700 шахти.