Мени

Детски семафор во „Толи Зордумис“

25.03.2015 13:26 | KumanovoNews

Општинскиот сообраќаен натпревар Детски семафор ќе се одржи на 16 април во основното училиште „Толи Зордумис“.

Детски семафор во „Толи Зордумис“

На оваа традиционална спортска манифестација ќе учествуваат ученици од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане.

Право на учество имаат деца од 10 до 15 години. Учесниците треба да ги пријават една недела пред почетокот на натпреварот, за да знаеме да се организираме, да подготвиме материјали. До 10 мај треба да ги завршиме регионалните натпревари со екипи од Кратово, Крива  Паланка и Ранковце, и победникот од детски семафор од основни училишта и сообраќајно техничка култура  од средните ќе одат на републички натпревар на 31 мај во Скопје - изјави Виолета Богдановска од отсек за превенција при СВР Куманово.

Детски семафор го организира отсекот за превенција заедно со Општинскиот сојуз за безбедност во сообраќајот, и досега натпреварот се одржал повеќе од 50 пати.