Девет илјади евра откриени на Табановце
20.10.2014 14:31
| KumanovoNews
На граничниот премин Табановце викендов е спречен шверц на 9.100 евра.
Парите се откриени при личен претрес на македонски државјанин, кој како патник во автомобил со македонски регистарски таблички се пријавил за излез од државата. Во џебовите од неговите долни тренерки и внатрешен џеб од неговата јакна, пронајдени се вкупно 11.100 евра, за кои не поседувал документ за потекло.
На патникот му се вратени 2000 евра, пари што резидент може да ги изнесе од државата.