Мени

Дезинсекција во општина Старо Нагоричане

04.06.2015 09:40 | KumanovoNews

Дезинсекција од земја во понеделник ќе се изврши во општина Старо Нагоричане, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Дезинсекција во општина Старо Нагоричане

Екипи од Центарот за јавно здравје од 22 часот ќе ја извршат втората фаза од терестичката дезинсекција против комарци, на подрачје на општина Старо Нагоричане. Граѓаните кои одгледуваат пчели треба да ги затворат во кутии со доволно вода за пиење и да не ги пуштаат 3-4 часа по третирањето.