Ѓурѓовден се слави во Тромеѓа
04.05.2012 08:16
| KumanovoNews
По повод селската слава Ѓурѓовден утре вечер во селото Тромеѓа ќе се одржи општонародна веселба.
Црковниот собир ќе започне во 19 часот, пред цркавата „Свети Ѓорѓи„, а ќе трае до доцна во ноќта. Во недела на Ѓурѓовден во 9 часот ќе започне свечената литургија во црквата.
Прославата ќе биде збогатена со музика, а ќе бидат поставени и штандови со храна и пијалоци. Црковниот одбор ги повикуваат граѓаните да дојдат и да уживаат во богата програма.