До 15 јуни нема ловење риба
За разлика од порано, сега се изрекуваат многу повисоки казни за непочитувањето на забраните за риболов и може да чинат до 500 евра.
Во наредниот период одредени видови на риби не треба да се ловат , и тоа за бојник забраната е од 15 април до 15 мај. Во период од 5 мај до 15 јуни не треба да се ловат кленот, попадиката и крапот.
Мрестилиштата кои се обележани со табли се забранети исто така за рибарење во рок од два месеци, почнувајќи од 15 април. Вакви мрестилишта има на стотина метри погоре од местото каде Кумановка се влева во Пчиња, малку подолу по текот на реката и на браната кај Шупли камен. Истото се однесува на делот погоре и подолу од браната - објаснува Бранислав Димовски, претседател на Риболовното друштво “Пчиња“.
За секој вид постојат граници зависно од должината дали рибата смее да се лови или не. За бојникот не е доволено да се лови риба пократка од 25 сантиметри, за попадиката должината е 20 сантиметри, за кленот дозволено е 25, а за крапот 40 сантиметри.