Мени

Добар одзив на уличната анкета за отпад

05.09.2014 10:37 | KumanovoNews

За час и половина од почетокот на анкетата, 60 кумановци се анкетирале за управувањето со отпад во местото во кое живеат.

Добар одзив на уличната анкета за отпад

Целта е да се види дали од претходната анкета направена во јануари годинава,  свеста кај населението за управувањето со отпад е подигната на едно повисоко ниво.

Очекуваме дека ќе стигнеме до бројка од 150 анкетирани граѓани до 14.30 часот. Податоците ќе бидат внесени во планот за понатамошни анализи. Ако е потребно ќе има и повеќе вакви анкети за поголема свест кај луѓето и успешен проект. Кога ќе биде планот јавно презентиран, ќе бидат соопштени и овие податоци - вели Горјан Темелковски, експерт за животна средина.

Граѓаните сметаат дека мора да се најде решение за ефикасно управување со отпадот во градот и околината.

Хигиената во Куманово е катастрофа. Ние сме еден од повалканите градови во Македонија и надлежните треба да ја поправат таа лоша слика - рече Стојан Ивановски, граѓанин.

Анкетата е дел од проектот “Подготовка на регионални планови за управување со отпад и стратешка оцена на влијанијата врз животната средина во Источниот и Североисточниот регион“ кој е финансиран од Европската Унија.