Мени

Додаток за мобилност ќе добиваат инвалидите

30.07.2012 13:05 | KumanovoNews

 Во согласност со измените на Законот за социјална заштита направени лани, лицата со тежок инвалидитет и слепите луѓе со 98 одсто оштетен вид имаат право на додаток за мобилност.

Додаток за мобилност ќе добиваат инвалидите

Овој паричен надомест ќе изнесува 7.000 денари. Во текот на јули ќе се поднесуваат барања до Центрите за социјални работи, а исплатата најверојатно ќе почне од август.

Според одредени проценки најмалку 20 кумановци ќе можат да го остварат правото на додаток за мобилност.

Бројката не може да биде константна бидејќи се случуваат несреќи. Може бројот на лица со тежок инвалидитет да се менува, да се зголеми или намали. Здружението на лица со телесен инвалидитет за Куманово, Кратово и Крива Паланка има регистрирано 337 члена. Право на надомест ќе имаат инвалидите без разлика дали се зачленети или не. Ќе се изготват обрасци кои инвалидите ќе треба да ги пополнат. Ќе треба и наод од комисија да се приложи- рече Бранимир Јовановски, претседател на Национален сојуз на лица со телесен инвалидитет “Мобилност Македонија“.

Јовановски вели дека овој надомест од државата ќе помогне во осамостојувањето на лицата со инвалидитет. На ниво на Македонија се очекува 1080 слепи луѓе и 1061 инвалид да го искористат надоместот за мобилност.