Мени

Доградени училници во “Фаик Коница“ во Слупчане

20.10.2014 14:48 | KumanovoNews

Со средства од јапонски грант доградени се три училници во основното училиште “Фаик Коница“ во село Слупчане .

Доградени училници во “Фаик Коница“ во Слупчане

Училниците се модерни, опремени со најсовремени материјали и ќе ги користат учениците од нижите одделенија.

“Порано децата учеа во подрум, а сега имаат нови училници и подобри услови. За изградба на тие три училници добивме 57.000 евра. Во меѓувреме аплицираме во Светска банка за кредит со кој ќе ги реновираме сите школи во општината“ - вели Џевдет Рахмани, одговорен за образование во општина Липково.

Општина Липково е една од ретките во земјава која добила странски грант за ваков зафат. Во “Фаик Коница“ учат 700 основци.