Мени

Докторите во пензија, сестрите на улица

11.05.2012 14:01 | KumanovoNews

 Десетина медицински сестри од јавното здравство во Куманово, останале без работа затоа што нивните доктори ги затвориле ординациите.

Докторите во пензија, сестрите на улица

  Десет од нив уште од лани се на улица, а за два месеци ќе им се придружат уште три медицински сестри, затоа што нивните доктори ќе заминат во пензија.

Мојот случај е специфичен. Останав без работа затоа што докторот лани почина. По 35 години сега сум без работа. Приватните ординации не сакат да вработуваат постари медицински сестри- вели една од сестрите.

 Се работи за медицински сестри, кои во 2006 година од здравствените домови преминале да работат кај доктори што склучија концесионерски договори со државата. За да го решат проблемот сестрите  бараа средба со министерот.