Мени

Должниците на „Водовод“ ќе плаќаат на рати

26.08.2015 14:08 | KumanovoNews

Општина болница Куманово, јавни претпријатија и училишта му должат на јавното претпријатије „Водовод“ за потрошена вода.

Должниците на „Водовод“ ќе плаќаат на рати

На денешната седница на Советот на општина Куманово,  дел од советниците прашаа како ќе се регулираат овие долгови без институциите, претпријатијата и училиштата да бидат исклучени.

Меѓу најголемите должници, 10 се должници кои  се под директни ингеренции на локалната самоуправа, јавни претпријатија, школи. Мене ми е јасно зошто болницата должи, ама не ми е јасно зошто едно училиште има 10.000 евра долг. Колку што знам нема базен за да троши толку вода - рече Драган Петковски, советник од ВМРО-ДПМНЕ.

На ова директорот на „Водовод“, Горан Стојковски одговори дека е постигнат договор должниците да плаќаат на рати, а спогодбите со нив се потпишани уште лани.