Мени

Домаќинствата со нови канти за смет

15.12.2009 23:00 | KumanovoNews

Денеска во Куманово се одржа состанок на Центар за справување со кризи од североисточниот регион. На средбата во просториите на Црвениот Крст, присуствуваа претставници од општините Куманово, Крива Паланка, Кратово и помалите општини каде беше презентирана национала платформа за намалување на ризици и опасности во државата.

Домаќинствата со нови канти за смет

ЈП \"Чистота и Зеленило\" доби 1045 канти за смет од Министретвото за животна средина и просторно планирање за потребите на граѓаните. Од претпријатието деновиве започна да ги делат садовите само на домаќинствата што живеат во индивидуални семејни куќи.

Приоритет за добивање на кантите имаат корисниците кои редовно ги подмируваат долгот кон нашето претпријатие. Инкасантите што ги носат сметките за ѓубрарина, доставуваат и покани на домаќинствата што влегле на списокот. Дел од кантите ќе бидат дистрибуирани и на јавни установи и институции кои исто така се редовни плаќачи- вели Сашо Петрушевски, директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“.

Меѓу првите корисници на новите садови за смет се пензионерите. Од претпријатието се надеваат дека министретвото ќе додели уште садови за смет што дополнително ќе бидат распределени по домаќинствата. Колективните стамбени згради неодамна добија контејнери.