Мени

Доматите и бостанот држат цена

18.07.2012 08:15 | KumanovoNews

На пазарите доматите држат солидни цени и се продаваат за 30 денари килограм, а и цената на бостанот е добра во однос на лани. Килограм бостан чини 15 денари.

Доматите и бостанот држат цена

Цената од 30 денари за доматите е непроменета последниот месец, а првите домати од стакленици беа поскапи и се продаваа за 40 до 50 денари. Во однос на лани пиперките се нешто поефтини. Килограм пипер чини од 20 до 30 денари. Кога има извоз вреднаш цената на зеленчукот скока и за ден, два се забележува разлика. Нашите производи воглавно се изведуваат за Србија и Косово. Мое мислење е дека храната произведена од кумановските села не може да ги задоволи потребите на градот. Половина од трговците роба набавуваат од скопските пазари, а таму се нанесува зеленчук од Струмица, Охрид и други градови - вели Миќо Трајковски, трговец.

За трговците и цените на краставиците кои се продаваат за 25 денари се солидни.