Мени

Дополнителни ленти на Табановце за патниците на ЕП во ракомет

14.01.2012 13:45 | KumanovoNews

Предвидено е отворање на три дополнителни ленти на граничниот премин Табановце за излез од Македонија, како и на дополнителни  ленти за влез од српска страна со цел да се забрза протокот на патници и возила кои ќе патуваат на Европското првенство во ракомет во Ниш.

Дополнителни ленти на Табановце за патниците на ЕП во ракомет

 На вчерашниот состанок меѓу претставници на двете гранични полиции биле договорени и мерките кои ќе се преземаат за излегување во пресрет на македонските државјани кои ќе патуваат за претстојното европско првенство во ракомет. Со мерките е предвидено отворање на три дополнителни ленти за излез од Р. Македонија, како и на дополнителни ленти за влез од српска страна.

Според досегашните информации најголема фреквенција се очекува во текот на утрешниот ден од 10.00 до 15.00 часот за кога се најавени 20-тина автобуси и комбиња, како и поголем број на патнички возила. Навивачите кои ќе патуваат организирано од српска страна ќе бидат пречекувани и проследувани од српската полиција, додека од македонска страна на граничниот премин „Табановце“ ќе биде распореден и еден во од Единицата за брзи интервенции, доколку се јави потреба или има некакво нарушување на јавниот ред и мир. Покрај режимот, на состанокот е договорено двете гранични служби да ги координираат активностите и континуирано да разменуваат информации- соопштуваат од МВР.

Дел од граѓаните веќе почнале да го користат новиот режим на патување и да заминуваат кон Ниш, така што околу пладне на граничниот премин „Табановце“ веќе се упатиле 10-тина автобуси, но и поголем број возила на кои во шест ленти им се овозможува излез од земјава, а просечното време на чекање е околу 30-тина минути.