Мени

ДПСМ избра ново раководство во Куманово

20.04.2015 15:28 | KumanovoNews

На редовно изборно собрание општинската организација на Демократската партија на Србите во Македонија избра ново раководство.

ДПСМ избра ново раководство во Куманово

Во наредните четири години огранокот ќе ги води Владимир Стојановиќ, дипломиран политиколог. Во првото обраќање пред сопартијците, новиот претседател најави реорганизација во партиските редови и поголема политичка активност на терен.

На почетокот не чека тивка реорганизација на партијата треба да се избере ново раководство на жени, младите и во сите партиски теле ќе бидат реизбрани или ќе бидат назначени нови луѓе. Ќе почнеме со една поактивна политичка работа во Куманово.Тоа ќе покаже самата работа на терен и ангажманот на новот раководство ќе покаже каде што има потреба ќе има промени каде што е добро ќе остане по старо, изјави новиот претседател.

Заменик-претседател на општинската организација е назначен Далибор Китановиќ, а за секретар Зоран Тошиќ.

На изборното собрание се обрати и лидерот на ДПСМ, Иван Стоиљковиќ и досегашниот претседател на општинската организација на ДПСМ во Куманово, Бобан Јакимовиќ.