Мени

Дружење на младите во Старо Нагоричане

25.07.2012 10:56 | KumanovoNews

 Во дворот на ОУ “Светозар Марковиќ“ во Општина Старо Нагоричане вечерва во 18 часот ќе се оддржи “Ден за дружба“ во организација на “Мулти Култи“ од Куманово.

Дружење на младите во Старо Нагоричане

На овој настан младите ќе се запознаат со активностите на невладините организации. Ќе има друштвени игри, цртање и квизови. Планирано е да има и вечерно кино со тоа што присутните во селото ќе погледнат филм и потоа ќе има дискусија.