Државата ќе ги оданочи комбајнерите?
Се разгледува можноста данок да се воведе за сите кои поседуваат, работат со комбајни и балираат слама.
Владата откако дошла до сознание дека комбајнерите земаат пари на рака и при тоа затајуваат околу 2 милиони евра данок годишно, ќе направи анализи за да одреди како ќе се регулира оваа дејност.
Комбајнерите велат дека ова е премногу. Тие сметаат дека државата треба да им помогне со тоа што ќе добиваат поефтина нафта.
Ние и досега си плаќаме персонален данок. Секоја година има се помалку работа. Државата гледа само пари да собере. Сега во селото има четири комбајни со што обемот на работа се намалува, има конкуренција. Не е фер да се плаќа данок за работа која трае само 20 дена преку лето. На телевизија кажуваат дека се плаќа 6.000 денари по хектар, а не е така. За ожнеан хектар земаме по 4.000 денари. Балираме за наши потреби. Ние работиме во наш круг и тоа во селата Лопате, Опае, Режановце - вели сопственик на комбајн.
Според проценките во државата има 1900 комбајни.