Државен натпревар на трактористи
08.10.2010 05:36
| KumanovoNews
Општината Старо Нагоричино утре ќе биде домаќин на 51 Државен натпревар на трактористи во Република Македонија.
Натпреварувањето ќе одржи утре во комплексот „Етно село„ на магистралниот пар Крива Паланка- Куманово.
Според програмата свеченото отварање е во 10 часот, а манифестацијата ќе трае до 16 часот, по што ќе бидат прогласени победниците.
Покровител на манифестацијата е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а организатори се народната техника на Македонија, Сојузот за техничка култура во стопанството и Народна техника Куманово.