Мени

Државна матура на 12 и 14 јуни

26.05.2010 10:48 | KumanovoNews

 На 12 јуни, матурантите ќе полагаат мајчин јазик, а на 14-ти странски јазик, математика, естетика или филозофија.

Државна матура на 12 и 14 јуни

 Статистиката на државниот испитен центар покажува дека расте бројот  на учениците кои се заинтерсирани да го продолжат своето образование на факултетите, оваа година се пријавиле 1.000 матуранти повеќе од минатата. Односно од 20.000 ученици државна матура ќе полагаат 18.626.

Македонски јазик ќе полагаат околу 13.000 ученици, албански околу 5000 а турски 354. За англиски јазик се одлучиле 14.767 матуранти, математика околу 3.000, естетика 84 и филозофија 29.

Интересот за другите странски јазици е значително помал. Тестовите се веќе подготвени и испечатени, в.д претседателката Бети Ламова не стравува дека тие ќе се пробијат како минатогодишниот тест по англиски.

Државната матура се спроведува трета година. Минатогодишните резултати не покажаа задоволителен исход. Средната оценка на учениците беше тројка, а матурантите беа најслаби по математика, односно 41 отсо од нив не го положија тестот.