Државна матура на 9 и 12 јуни
Екстерните тестови од државна матура ќе ги полагаат 1493 матуранти, од гимназијата и средните стручни училишта.
Полагањето ќе се организира на 9 и 12 јуни.
Вториот екстерен предмет е избран по желба на учениците. Полагањата треба да почнат во 10 часот. Премилинарните резултати од јунскиот рок ќе бидат објавени до 12 јули, по што може да се поднесе приговор ако матурантите сметаат дека резултатите се нереални.
Во Куманово во Гимназија “Гоце Делчев“ матура ќе полагаат 257 ученици, во економското “Перо Наков“ ќе полагаат 368 матуранти. Гимназијата “Сали Фрашери“ годинава има 267 матуранти. Во средното техничко училиште “Наце Буѓони“ има 458 матуранти, а во земјоделското училиште “Киро Бурназ“ има 143 ученици кои завршуваат четврта година.
Државната матура е услов за запишување на факултет. Оние кои нема да ја поминат државната матура можат да полагаат само завршен испит и да добијат диплома за завршено средно образование.