Државно земјоделско земјиште се дава под закуп
Во кумановско 832 хектари земјоделско земјиште во државна сопственост се нуди под закуп.
Министерството за земјоделство пред два дена објави јавен оглас за давање на земјиште до 10 хектари под закуп и истиот ќе трае во наредните дваесет дена вклучувајќи ги и викендите.
Во реонот што го покрива подрачната единица под закуп се нуди земјиште од вкупна површина 832 хектари. Ги повикуваме заинтересираните да се обратат во канцеларијата на подрачната единица, каде што детално ќе се информираат за правото на учество, за потребната документација, за постапката - изјави Насер Даути, раководител на подрачната единица на Министерство за земјоделство.
Времетраењето на закупот е различно зависно од културата така што земјиштетео може да биде доделено за период од 15 па се до 50 години.