Државно земјоделско земјиште се издава под закуп
Во кумановско на јавен оглас се понудени 1800 хектари земја, од кои еден земјоделец може да земе најмногу 10 хектари.
Огласот е објавен пред два дена и постапката за аплицирање е отворена во наредните 18 дена. Право да добијат земјиште под закуп имаат индивидуални земјоделци регистрирани во ПИОМ, во Централен регистар, домашни и странски фирми.
За правни лица треба понуда за износот на годишната закупнина, образец, бизнис план со основни податоци за учесникот, изјава заверена кај нотар. Доказ од Централен регистар , доказ за подмирени придонеси, потврда од подрачна единица дека нема обврски за неплатена закупнина. За физички лица треба потполнет образец, фотокопија од лична карта, изјава за веродостојност на податоци кои се дадени заверена на нотар, изјава дека не бил основач во фирма која користела државно земјиште под закуп. Потврда за упис во единствениот регистар за земјоделски стопанства, решение за регистрирана земјоделска дејност - вели Насер Даути, раководител на подрачна единица на Министерство за земјоделство Куманово.
Земјиштето се дава за период до 15 години за едногодишни култури, за овоштарници и лозја до 30 години, а за маслодајни култури до 50 години. КОј понудувач ќе ја добие земјата зависи колку тој е блиску до земјиштето, колкава цена понудил и друго. Сличен оглас за доделување на земјиште под закуп имаше летово.