Дваесет и четири заболени од жолтица за три месеци
Дваесет и четири заболени од жолтица се регистрирани во последниве \nтри месеци во Куманово, информираат од Центар за јавно здравје.
Се работи за деца кои се од школска и предшколска возраст од населбите Бабин Дол и Стари Лозја.
“Врз основа на предлог мерките на Комисијата за заразни болести веќе се информирани директорите на овие установи. Ги преземаат сите мерки кои што се за спречување на ширење на оваа инфективна болест. Тоа е зголемена хигиена на училиштата, дезинфекција на санитарни јазли, едукација на учениците, начинот на пренесување на ова заболување, редовно одржување на лична и општа хигиена. Од страна на Центарот за јавно здравје направени се епидемиолошки испитувања на терен, земени се анкети“ - вели Јадранка Стаменковска, епидемиолог од Центар за јавно здравје Куманово.
Направена е дезинфекција во домовите на заболените од жолтица и редовно се следи состојбата.