Мени

Над дваесет деца ќе престојуваат во интернатот во Драгоманце

29.08.2014 08:08 | KumanovoNews

Дваесет и три деца од оддалечените села во општина Старо Нагоричане оваа учебна година ќе престојуваат во интернатот во село Драгоманце.

Над дваесет деца ќе престојуваат во интернатот во Драгоманце

Повеќето деца се од Арбанашко, Буковљане, Дејловце и Бељаковце.

Бројката на сместени деца е иста како и лани. Тоа се деца од села кои се на 10 или 20 км оддалеченост и нема патна инфраструктура за да можат секој ден да доаѓаат на училиште. Во интернатот се сместени од понеделник до петок, а за викендите си одат дома. Ентериерот во интернатот е реновиран, условите се подобрени - вели директорката Стојка Спасовска.

Престојот на учениците во ученичкиот дом го покрива државата.