Мени

Дваесетина барања за проценка на штети од поплавите

02.02.2015 15:46 | KumanovoNews

Рокот за пријавување на штети од јануарските поплави истече денеска.

Дваесетина барања за проценка на штети од поплавите

До општина Куманово се поднесени 21 барање за проценка на штети, настанати во поплавите на 23 и 24 јануари.

Имаме барања од граѓани од селата Јачинце, Довезенце, Клечовце и едно барање од Доброшане. Од нив 90 отсто се за поплавено земјоделско земјиште, а 10 отсто се за поплавени викендици и куќи. Штом ќе се подобрат временските услови и водата ќе се повлече од објектите, комисијата ќе излезе на терен за да ги утврди штетите. Ќе се направи извештај за проценка на штети, ќе го усвои Советот на општина Куманово и ќе биде доставен до Влада на Репубчика Македонија - изјави Цоки Ристовски, претседател на комисија за проценка на штети.

Во меѓувреме во кумановско има нови излевања и најверојатно ќе има уште еден рок за пријавување на штети, за граѓаните чии домови и имоти беа зафатени од надојдените реки.