Мени

Дваесетина моторџии ќе учествуваат на мото крос Забел

27.08.2014 13:45 | KumanovoNews

Дваесетина моторџии од земјава и странство се пријавени за учество на мото крос Забел кој ќе се одржи утре во општина Старо Нагоричане.

Дваесетина моторџии ќе учествуваат на мото крос Забел

Моторџиите ќе возат трка која е долга околу 1,5 км, а за најдобрите тројца ќе има медали и пехари.

“Пријавени се моторџии од Куманово, Скопје, Битола, од Србија, Косово и Албанија. Тренинзите почнуваат во 10.30 часот, а потоа ќе бидат трките зависно од тоа кога ќе пристигнат моторџиите од соседството. Резултатите ќе бидат за бодување на првенство на Македонија “ - изјави Драган Јовановски од општина Старо Нагоричане.

Мото кросот го организира Моторциклистичка федерација на Македонија, а настанот е под покровителство на општина Старо Нагоричане.