Мени

Дваесетина пакети со храна за сиромашните

05.05.2015 12:03 | KumanovoNews

Црвен Крст Куманово деновиве ќе подели дваесетина пакети со храна за сиромашните граѓани.

Дваесетина пакети со храна за сиромашните

Донациите се обезбедени во рамки на Недела на солидарноста минатиот месец. Загрозените граѓани ќе добијат пакети со основни прехранбени продукти во вредност од 800 денари.

Овие пакети се делат на најзагрозените, инвалидизираните лица кои навистина имаат потреба од помош. По пет пакети ќе се поделат на социјално ранливите категории од општините Липково и Старо Нагоричане и десет пакети на граѓани од Куманово - објаснува Иле Митковски, секретар во Црвен Крст Куманово.

Овие акции имаат за цел да ги поттикнат граѓаните да бидат хумани и да им помогнат на сиромашните, болните и лицата со посебни потреби.