Мени

Две наши бањи на геотермална мапа

10.06.2012 08:08 | KumanovoNews

Кумановска бања и бањата Стрновац се најдоа на геотермалната мапа изготвена од Министерството за економија. Овие две бањи се меѓу најпознатите 16 термални води во земјава.

Две наши бањи на геотермална мапа

Постои база на податоци и целта е да им се поедностави на инвеститорите работата ако сакаат да вложуваат да знаат во кој дел на државата што има. Преку оваа мапа ќе знаат на кој локалитет каков природен потенцијал постои - вели Сузана Прањиќ, портпарол на Минситерството за економија.

За бањата во Проевце во тек е постапка за избор на концесионер за експлоатација на јавен повик, додека бањата Стрновац е заведена како локалитет за кој се бара коцесионер за геолошки испитувања.