Мени

Две улици и неколку села без струја

02.09.2014 13:15 | KumanovoNews

Напојувањето со електрична енергија утре ќе биде прекинато на две улици во центарот на градот и повеќе кумановски села.

Две улици и неколку села без струја

Од 8 до 15 часот струја ќе нема на улиците „Х.Т.Карпош“ и „11 Октомври“ поради замена на среднонапонски прекинувач во трафостаница.

Од 8 до 16 часот струја ќе нема во селата Пчиња, Биљановце, Студена Бара, Винце и Вакав поради технички зафати во среднонапонската мрежа, информираат од ЕВН.