Две улици се без вода
16.07.2012 07:34
| KumanovoNews
Домаќинствата кои живеат на улица “Народна револуција“ и улица “206“ во населба Карпош утринава се без вода за пиење.
Поради високите температури екипите на ЈП“Водовод“ почнуваат со работа во пет часот. Тие веќе се на терен и дефектот на водоводните цевки ќе биде отстранет за неколку часа.
Во останатите делови на градот водоснабдувањето се одвива без прекини.