Двеста кумановци се потпишале за укинување придонеси на хонорари
06.04.2015 14:38
| KumanovoNews
Околу двеста кумановци во просториите на Националниот ромски центар, се потпишале за укинување на плаќањето придонеси за хонорарците.
Собирањето потписи трае уште денеска и утре, а потоа собраните потписи ќе бидат доставени во Скопје.
Потписите ќе ги доставиме до иницијативата „Ајде“, и потоа потписите ќе бидат доставени до Уставен суд, за да се испита уставноста на законите - велат од НРЦ.
Невладините обединети во иницијативата „Ајде“ сметаат дека плаќањето придонеси на хонорарите, само ќе ги осиромаши граѓаните.