Двеста Роми чекаат легализација на домовите
Досега три ромски семејства од Куманово успеале да ги легализираат дивоградбите, а уште двеста Роми кои поднеле барања чекаат нивните куќи да се легализираат.
Трошоците се движат од 500 до 1000 евра, но во посложени случаи може и повеќе да чини. Ако ги легализираат домовите имаат многу бенефиции во случај на рушење, и воопшто куќата која е легализирана има поголема вредност. Си постои ресурсен центар и датабаза, а од 8 часот и 30 минути до 16 часот и 30 минути е отворена бесплатна линија 0800 11 212 каде можат да добијат правни совети за легализација на бесправно изградени обејкти - вели Ашмет Елезовски од Националниот Ромски Центар.
За вадење на документи и елаборати им помогна и организацијата Хабитат Македонија. Тие даваат кредит и за две години без камата.
На терен излегуваат потпомагачи кои го информираат ромското население како тече процесот на легализација. Вкупно 1550 семејства со посредство на НРЦ поднеле барања за легализација , а 2000 домаќинства самостојно откако се информирале за постапката доставиле документи. Овие бројки се однесуваат на повеќе градови и тоа Куманово, Кочани, Прилеп, Тетово , Штип и населбата Шуто Оризари.