Единаесет улици и Пелинце без струја
17.04.2015 13:44
| KumanovoNews
Единаесет улици во центарот на градот и селото Пелинце, утре ќе бидат без напојување со електрична енергија, информираат од ЕВН Македонија.
Од 7.30 до 15.30 часот струја ќе немаат жителите од улиците “Црнотравска“, “Братство-единство“, “11 Октомври“, “Тодор Велков“, “Доне Божинов“ и Пелинце.
Од 7.30 до 11 часот струја ќе нема на улиците “Борис Кидрич“, “Димитрије Туцовиќ“, “Карл Маркс“, “Љубе Гашев“, “Киро Фетак“ и “Пробиштипска“. Прекините се поради изведување на инвестициони зафати во мрежата.