Мени

Едукација на наставници кои работат со хендикепирани деца

23.04.2010 09:21 | KumanovoNews

 Во ОУ„Браќа Миладиновци„ се спроведе обука на наставниците од одделенска и предметна настава за применување на програмата во воспитување и образување на учениците со посебни потреби.

Едукација на наставници кои работат со хендикепирани деца

 Станува збор за обука на наставниците со какви методи, мерки и начини да применуваат во  наставната програма во воспитување и образување на учениците со посебни потреби,со оштетен вид, пречки во психичкиот развој, мултихендикеп, учениците со аутизам и сл. Во програмата е вклучен 21 наставник, а целта е да се оспособи наставниот кадар за да можат да изготвуваат индивидуален образовен план со децата со посебни потреби и разграничување на поимите инклузија и интеграцијата на учениците во образованието -вели директорот Миле Јордановски.

Предавањето го извршиле доц.др.Даниела Димитрова-Радојичиќ и доц.др.Наташа Чичевска-Јованова од Институтот за дефектологија при Филозовскиот Факултет. Проектот за модернизација на образованието што го спроведува Министерството за образование и наука со Бирото за развој на образованието.