“Еко хепенинг“ ќе се организира во Пелинце
По деветти пат Здружението на пензионери Куманово организира “Еко хепенинг“ во село Пелинце. На 18 месецов во Меморијалниот центар АСНОМ ќе се сретнат пензионери од 15 здруженија од Македонија.
Се вика “Еко хепенинг“ бидејќи се организира во природа. На многу од пензионерите од другите градови им сугериравме да го посетат музејот. Оние кои сакаат да ја видат опсерваторијата Кокино, за нив ќе има и превоз до таму. Поканети се и гости од Врање, од збратименото здружение. Нема ограничување, и од претходните години знаеме дека доаѓаат и до 1500 пензионери - вели Спирко Николовски, претседател на Здружение на пензионери Куманово.
На “Еко хепенинг“ поканети се здруженија од Свети Николе, Скопје, Велес, Кочани, Пробиштип, Крива Паланка , Злетово и други градови.