Еко саем организираше градинката „Ангел Шајче„
Градинката “Ангел Шајче“ како добитник на признанието “зелено знаменце“, преку денешниот еко саем сака да им порача на граѓаните дека немаме резервна планета и мора да ја заштитиме околината.
На Градскиот плоштад денеска беа поставени шест еко штандови на кои децата пред посетителите и родителите рецитираа песнички и кажуваа поговорки со еко содржина.
Ние сме единствена установа во општината која добие признание “зелено знаменце“. На овој саем се вкучени деца од големите групи од сите шест објекти во соработка со локалната самоуправа, поточно, одделението за животна средина. Тие се потрудија да ги обезбедат овие шест штанда, околу 10.000 садници за граѓаните бесплатно, флаери, и еко боенки за секое дете - изјави Марина Алексовска, директор на “Ангел Шајче“.
Градоначалникот Зоран Дамјановски рече дека овој саем има за цел да ја подигне еко свеста кај луѓето. Тој додава дека голем проблем за градот се дивите депонии.
Сведоци сте дека лани, годинава се чистат дивите депонии, но по многу кратко време ти се узурпираат. Еве сега се чисти, има акција на потегот кај населба Перо Чичо, кај бељаковската пруга. Тоа го работевме во март,мај, сега повторно чистиме. Несовесни граѓани сметот го депонираат таму. Многу програми имаме во тој дел. Најважно е оддржување на животната средина, не е само да ја исчистиме - вели Дамјановски.
Тој додава дека годишно околу 5 милиони денари се трошат за чистење, санирање и одржување на средината. За сите еколошки програми се одвојуваат околу 20 милиони денари. За шест години градот има плус 5 хектари нови зелени површини.