Еколошка акција на патарината Романовце
05.06.2012 13:06
| KumanovoNews
По повод Светскиот ден за заштита на животната средина, денеска ученици од средното економско училиште “Перо Наков“ спроведоа акција на една од патарините кон Скопје.
Целта беше учениците да се едуцираат и да ја развијат свеста за здрава животна средина.
Овој ден за првпат е одбележан во Стокхолм на 5 јуни 1972 година од Генералното собрание на Организацијата на Обединети Нации и оттогаш секоја година се прославува. Тогаш е прифатена и програмата за заштита на околината. Крајно време е своите активности да ги усогласиме со природата - изјави Цветанка Арсиќ, советник за заштита на животна средина во општина Куманово.
Арсиќ советува средношколците да се фокусираат на еколошки акции за да ја заштитат животната средина.