Ексклузивен салон на Мy Time во Куманово
Најголемиот ланец на малопродажни салони на часовници и накит Мy Time ќе отвори салон во Куманово. Салонот се наоѓа на улицата „Маршал Тито„, поточно во редот на т.н. „скопски дуќани“, а отварањето ќе биде утре (среда 1.10.2014).
На огромно задоволство на граѓаните на Куманово, во екслузивниот салон на едно место ќе има најголем избор на часовници и накит од реномираните светски производители: Casio, Just Cavalli, Sector, Miss 60, Guess, Cerruti 1881, Edifice, G-Shock, ProTrek, Jacques Lemans, Baby-G, Jacques Farel, Esprit и Morellato.
My Time ги поканува сите љубители на часовници, накит и модни аксесоари, вљубеници во добриот стил, модни блогери и следбеници на модата заедно да го обележиме отворањето на новиот продажен салон во Куманово.
Посетете не и по повод отварањето добијте еднократен попуст на целиот асортиман. Ве очекуваат и бројни изненадувања како и Instagram натпревар. Се што треба да направите е да се појавите во продажниот салон на My Time во Куманово на 01.10.2014, да направите креативна My Time фотографија и да ја објавите на Instagram со хаштаг #mytimewatchshop. Фотографијата со најмногу лајкови ќе добие подарок од My Time. За повеќе информации, посетете не на facebook или на нашата веб-страна www.mytime.mk, - велат од My Time.
Одсега My Time поблиску до нас!