Мени

Eксклузивно фудбалско доживување со Маx TV

30.08.2012 06:04 | KumanovoNews

 Македонски Телеком ја збогати Маx TV понудата со нови спортски содржини, за да им овозможи на страсните љубители на фудбалот ново и ексклузивно фудбалско искуство.

Eксклузивно фудбалско доживување со Маx TV

Од почетокот на сезоната 2012/2013 до крајот на 2015 корисниците на Македонски Телеком можат да ги следат натреварите од Лигата на Шампиони и од Лига Европа на МаxTV. Само за тековната сезона, ќе бидат достапни вкупно 210 натпревари од двете лиги и паралелно ќе можат да се гледаат до 4 натпревари. Ова значи дека љубителите на фудбалот ќе можат да гледаат повеќе натпревари од Лигата на Шампиони и Лига Европа од кога и да било.

Промотивно, фудбалските фанови ќе уживаат во натпреварите од Лигата на Шампиони и од Лига Европа бесплатно до крајот на септември.

По истекување на промотивниот период, фудбалските натпревари од Лигата на Шампиони и од Лига Европа ќе бидат достапни во Маx Sport+ пакетот за 199 денари месечно. Покрај натпреварите од двете лиги, Маx Sport + пакетот ги вклучува и спортските канали Sport Club, Sport Club +, Extreme sports, Motors TV i ESPN classic.

Освен со Max Sport + пакетот, содржините од Лигата на Шампиони и од Лига Европа ќе можат да се следат и преку новововедената услуга Pay Per View (или плати за да погледаш), при што секој од натпреварите, поединечно ќе биде достапен за гледање по цена од 99 денари, со вклучен ДДВ.

Љубителите на фудбалот ќе можат да ги гледаат сите натпревари во висока резолуција. Со популарната функција за паузирање и враќање на програмата наназад, фановите можат повторно да го видат својот омилен гол или подоцна да ги гледаат пропуштените натпревари од Лигата Европа или Лигата на Шампиони и тоа бесплатно со услугата ТВ-тека.  

Македонски Телеком веќе беше пионер со 3 screen фудбалското искуство во Македонија за време на Светското првенство во 2010 година. За следните 3 сезони на Лигата на Шампиони и Лига Европа на УЕФА, Македонски Телеком повторно им нуди на фудбалските фанови да ги гледаат натпреварите каде и да се и од кој било уред – на телевизија, на интернет и на мобилен телефон.

Па така, спортските фанови во секој момент без разлика каде и да се наоѓаат,  освен на МаџТВ, ќе можат да гледаат натпревар на интернет преку http://web.maxtv.mk или на својот мобилен телефон, за корисниците на Т-Мобиле преку www.t-mobile.mk/tv.

На овој начин, љубителите на фудбалот ќе бидат постојано во тек со фудбалските случувања од најпрестижните европски фудбалски турнири и нема да пропуштат ниту еден натпревар со можноста за снимање на некој од омилените дуели и тоа во HDи SD технологија.

Корисниците на Македонски Телеком и на Т-Мобиле ќе имаат ексклузивна можност да ги следат сите натпревари од Лигата на Шампиони и од Лига Европа. Па така, во вторник преку сите платформи, натпреварите од Лигата на шампиони ќе се гледаат на посебни канали, коишто се реализирани во соработка со Арена Спорт од Србија, а се ексклузивно достапни само за корисниците на Македонски Телеком и на Т-Мобиле. Во среда и четврток, покрај еден натпревар кој ќе се емитува на првиот канал на МТВ, кој исто така им е достапен на сите Max TV корисници, на посебните канали ќе бидат обезбедени дури и до 8 натпревари дневно, повторно достапни на сите платформи и ексклузивно за корисниците на Македонски Телеком и на Т-Мобиле.

Корисниците на Македонски Телеком и на Т-Мобиле ќе имаат можност да ги гледаат натпреварите од Лигата на Шампиони и од Лига Европа, откако Македонски Телеком директно од УЕФА ги откупи правата за овие две фудбалски лиги за наредните три сезони, до 2015 година.