Електронските дневници заживуваат во кумановските училишта
Дел од основните училишта во градот ги направиле првите обиди и веќе ги користат електронските дневници.

Останатите училишта од септември освен што ќе водат евиденција во дневници, ќе мора и електронски да ги бележат изостаноците и оценките.
Електронскиот дневник е бесплатен сервис кој ќе овозможи родителите да имаат увид во оценките на детето. ОУ “11 октомври“ користи е - дневник од почетокот на учебната 2012 година.
Дневникот е поплнет со се што е потребно како податок. Изостаноци, оценки, забелешки, наставниците внесуваа во дневникот. Користењето на ваков дневник е задолжително. Наставниците си ги завршија своите обврски. Електронскиот дневник има за цел да ја олесни комуникацијата меѓу родителите и наставниците. Со лозинка родителот може да отвори и да види каков успех има детето - вели Мерилин Стојчевска, директор на ОУ“11 Октомври“.
Од ОУ“Браќа Миалдиновци“ објаснуваат дека само 10% од вкупно 80 наставници веќе почнале да водат евиденција електронски. Додаваат дека посебни обуки за користење на е -дневникот немало. Генералиите на децата се внесени во системот, а поширока употреба на електронскиот дневник почнува од септември.
Паралелно и рачно наставниците ќе си водат евиденција во обичен дневник. Ќе треба малку време додека елетронскиот дневник да заживее. Некои наставници веќе ги направија првите обиди. Тие имаат добиено лозинки со кои ќе влегуваат во е -дневникот. Треба внимателно да се следат упатствата за користење на е- дневникот, затоа што ако се направи грешка за да се корегира потребна е помош од Министерството за информатичко општество - смета Милорад Јордановски, директор на ОУ “Браќа Миладиновци“.
Наставниците велат дека многу селски училишта немаат соодветни услови за водење електронски дневник и сеуште не им е јасно како сето ова ќе функционира во руралните средини.