Епидемијата на сипаници ставена под контрола
10.09.2010 11:37
| KumanovoNews
Само едно новозаболено лице од ситни сипаници е регистрирано во изминатите 24 часа во ромските населби каде што е прогласена епидемија. Тоа значи дека сипаниците не се шират со прво првобитното темпо и состојбата е под контрола- велат од Центарот за јавно здравје.
Во изминатите неколу дена во насeлбите Средорек, Бавчи и Стари Лозја беа регистрирани дваестеи поврзани случи на болни од ситни сипаници поради што по препорака на комисијата за заразни болести при Министерството за здравство беше прогласена епидемија и започна вакцинација на населението. Досега се вакцинирани над 1300 лица на возраст до 40 години, а имунизацијата ќе продолжи во понеделник откако ќе бидат сумирани резултатите од досегашните активности.