Мени

ЕВН: Граѓаните нема да останат без вода за пиење

30.03.2015 12:56 | KumanovoNews

Од ЕВН Македонија велат дека сеуште преговараат со јавното претпријатије “Водовод“ за подмирување на долгот, но ветуваат дека граѓаните нема да останат без вода за пиење и водоснабдувањето нема да биде доведено во прашање.

ЕВН: Граѓаните нема да останат без вода за пиење

Сите граѓани ќе имаат водоснабдување, но “Водовод“ ќе мора да го плати долгот. Во преговори сме, имаме разбирање, но јавното претпријатије треба да направи план и анализа како ќе го подмири долгот. Се надеваме дека ќе се надмине оваа состојба - рече Атанас Ковачевски, портпарол на ЕВН Македонија.

Поради неплатени долгови неколку дена исклучени од мрежата се сите објекти на „Водовод“.