Мени

ЕВН ја зголеми наплатата, ги намали кражбите

12.07.2012 12:07 | KumanovoNews

 Во Куманово се намалува бројот на кражби на електирчна енергија и манипулацијата со електрични броеила, а наплатата се  зголемува.

ЕВН ја зголеми наплатата, ги намали кражбите

Тоа се должи на  зачестените контроли на ЕВН на терен и големите парични казни. Двајца крадци на струја веќе се осудени и ќе треба да одлежат затворска казна.

Портпаролот на ЕВН Македонија Атанас Ковачевски апелира до кумановци да ја искористат кампањата која е во тек за да можат без камата да ги платат заостанатите сметки.а

 Мораме да ги заштитиме оние корисници кои редовно ги плаќаат своите сметки. Во Куманово трендот на кражби опаѓа, наплатата е навистина подобрена. Исклучувањата ќе продолжат онаму каде што навистина е неопходно. Овој месец, јули имаат можност да расчистат со долгот на 4 рати. Нотарските такси, таксите за извршител, од нив ќе бидат ослободени и од каматите. Ова е одлична можност да се расчисти еднаш засекогаш со долговите кои ги имаат кон ЕВН Македонија. Во Куманово потпишани се 1000 спогодби од кои 90% се домаќинства, а 10% се бизнис корисници. Ние и понатаму ќе вложуваме во Куманово - рече Ковачевски.

Тој додаде дека инвестирале 600.000 евра во 2012 година за реконструкција на нисконапонската и среднонапонската мрежа. Наплатата е зголемена за повеќе од 30 %.  Во неколку градови, меѓу кои во Липково и Куманово се организирани работилници за разумно користење на електричната енергија. Целна група ни беа децата и домаќинките. Дивото приклучување е ризично, објаснува Ковачевски. Може да се предизвикаат пожари, а има и крадци кои се способни да украдат струја колку што трошат десет домаќинства. За нападите врз вработени од ЕВН Македонија, Ковачевски вели дека се надминати и такви проблеми засега нема.