Мени

Фабриката „11 Октомври“ слави

10.10.2010 16:07 | KumanovoNews

На 180 работници од Фабриката за заварени цевки и профили 11 Октомври од Куманово завчера им беа доделени награди за 10, 20, 30 и 40 години непрекинато работење во фабриката.

Фабриката „11 Октомври“ слави

Свеченоста беше организирана и по повод празнувањето на патрониот празник „11 Октомври“. 

Нашата фабрика во тековната година успешно работеше и успеа да се справи со сите предизвици на економски план во државата и регионот. Ние сме единствена фабрика на југ на Балканот што и покрај економската криза се уште добро работиме и ќе работиме на идни големи проекти рече генералниот директор Слободан Богдановски на денешата свеченост.

Свеченото доделување на наградите го организираше синдикалната организација, а веќе се реализирани и други активности по тој повод.