Фармерите да аплицираат за средства од рурален развој
14.10.2014 08:15
| KumanovoNews
До 31 ноември трае конкурсот на кој фармерите можат да аплицираат за добивање на средства \nод програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2014 година.
„Ќе се доделува финансиска помош за две мерки. За техничка поддршка во земјоделството и руралниот развој, помош за маркетинг за земјоделски производи, преработени земјоделски производи, работа на специјализирани продавници за македонско вино“ - вели Живка Наумова, раководител на Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството Куманово.
Можат да аплицираат правни лица регистрирани согласно Законот за трговски друштва, Законот за угостителство, и оние кои ги исполнуваат условите согласно Законот за трговија.
Повеќе информации заинтересираните можат да добијат во агенцијата.