Мени

Фармерите да се пријават за најдобар агро бизнис

28.10.2014 13:47 | KumanovoNews

Локалните фармери, до крајот на ноември, во која било експозитура на Про Кредит банка можат да се пријават за изборот на најпроактивни бизниси за 2014 година.

Фармерите да се пријават за најдобар агро бизнис

Про Кредит агро бизнис форумот, ќе додели награди за најдобрите производители на житни култури, долгогодишни овошни насади, раноградинарство, сертифицирано органско производство, преработувачи на земјоделски производи, трговци со домашни производи и слично. Најдобрите фармери избрани на ниво на држава ќе добијат награди и ќе имаат можност да посетат земјоделски саем во Германија.