Мени

Филиповски: Големите загуби на вода ги оставиjа граѓаните жедни

01.03.2012 15:26 | KumanovoNews

Водостопанство и да ги испорача дополнителни 40 литри во секунда вода, поради огромните загуби во цевководот тие нема да стигнат до граѓаните.

Филиповски: Големите загуби на вода ги оставиjа граѓаните жедни

Директорот на Водостопанство „Кумановско-липковско поле„ Филип Филиповски ги демантира тврдењата на директорот на ЈП „Водовод„ Виктор Божиновски дека добил наредба на состанок во Владата да го зголеми дотурот на водата кон Филтер станицата.

На таа средба претставниците на Владата не ислушаа и се надевам дека наскоро ќе излезат со конкретни заклучоци. Заклучоците ќе бидат обврзувачки за двете  претпријатија, така да се додека не се добијат тие заклучоци во пишана форма, не можеме да калкулираме за какви заклучоци ќе стане збор и дали тие ќе можат да се имплементира на терен и што ќе се постигне со нив. Самиот пристап на директорот на „Водовод„, кој инсистира да се пуштат 20 литри во секунда за да се нормализира состојбата, мислам  дека кажува за несериозноста кон решавање на проблемот, кој трае веќе 5 години- вели Филиповски.

Директорот тврди дека доколку „Водовод„ ги намали загубите на вода од 50 насто во градската водоводна мрежа, тогаш ќе има доволно вода за целиот град.

Секој треба прво да тргне од себе и да ги согледа сопствените недостатоци, а најлесно е вината да ја бараме кај другиот. Водостопанство и да ги испорача дополнителни 40 литри во секунда, поради огромните загуби во „Водовод„ тие нема да стигнат до граѓаните. Ние испорачуваме 220 литри во секунда вода, но дирекниот вод е под ингиренции и сопственост на „Вододовод„ и тие треба да видат дали по него има загуби и да се утврди каде се губат. Проблемот не е во дотурот на вода туку во загубата на водата- вели директорот.